Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Холгер Руне во осминафиналето на Вимблдон.
Сепак, на крајот од вториот и третиот сет, дел од публиката извикуваше „Руууу“, поддржувајќи го Руне и му го одвлекуваше вниманието на Ѓоковиќ.
На крајот во текот на својот говор Новак на сите им испрати порака.
„До сите оние кои беа со почит и останаа вечерва, имам само голема почит од се срце. И за сите оние кои избраа да не ги почитуваат играчите, во овој случај мене, ви посакувам добра ноќ. Добра ноќ! Добра ноќ’, ви посакувам многу добра ноќ“, изјави Новак.
View this post on Instagram
Ова го инспирирало музичарот Жељко Јоксимовиќ да го создаде „Новаково коло“.