(Видео) Јапонски трик за брзо ладење на автомобилот, без да се вклучи климата

Кога автомобилот е оставен на сонце во топлите летни денови, влегувањето во него се претвора во вистински кошмар, но „AutoBild“ пишува дека постои мал трик кој ви овозможува да ја намалите температурата во автомобилот за 10 степени, без да го запалите моторот или со вклучување на клима уредот.

Возачите обично го палат моторот и го вклучуваат климатизерот кога ќе стигнат до својот автомобил откако долго време бил на сонце. Сепак, прво пожелно е малку да се излади кабината за да не мора да работи климата толку многу, пишува „AutoBild“.

Трикот за спуштање на температурата за десет степени за кој пишуваат е познат како јапонска техника.

Она што треба да го направите е да го спуштите прозорецот на совозачката врата и да ја отворите и затворите возачката врата. Тоа може да се направи и обратно, со спуштање на прозорецот на возачот и отворање и затворање на совозачката врата.

Оваа едноставна акција создава силна струја внатре која дозволува воздухот однадвор да влезе и да го исфрли воздухот што е концентриран во кабината, кој во тој момент е многу потопол.

Scroll to Top