Наоми Кембел ужива на Ибица, папараците ја снимија во бикини

Британската манекенка Наоми Кембел е фотографирана од папараците на Ибица додека ужива на луксузна јахта со своето друштво.

54-годишната Наоми ја покажа својата витка линија во светкав костим за капење. Изгледот го комплетираше со соодветен накит, очила и марама на главата.

Во нејзино друштво беа и две актерки, Мексиканката Еиза Гонзалес и Американката Мишел Родригез. Странските медиуми пренесуваат дека трите неколку дена пред ова патување уживале во шопинг на Ибица.

Scroll to Top