На ден 25.07.2024 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден “Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.
Настанот ќе се одбележи со музичко забавна програма со настап на македонските пејачи Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, како и настап на музичкиот хор на Здружението на пензионери „Илинден“. Во рамки на одбележувањето на настанот му претходи и крводарителска акција која ќе се одржи на 24.07.2024 (среда) во галеријата на Дом на култура „Илинден“ од 10:00 до 14:00 часот.
Ги покануваме сите граѓани да присуствуваат на одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден “Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.