Синот на холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, Пакс Џоли-Пит (20) е хоспитализиран откако бил повредена во сообраќајна несреќа.
Пакс го возел својот електричен велосипед во Лос Анџелес кога удрил во задниот дел на автомобилот кој застанал на црвено светло, пишува „Daily Mail“.
Тој итно бил пренесен во болница откако се пожалил на главоболка, а во моментот на несреќата не носел кацига.
Медиумите јавуваат дека Пакс е во стабилна состојба, иако не се знае степенот на неговите повреди.
Во последните месеци Пакс е виден како вози велосипед низ Лос Анџелес, кој чини околу 3.000 долари, пишува „Дејли мејл“, пренесува Танјуг.