Мегапопуларниот рапер и музичар Снуп Дог дневно заработува неверојатни 500.000 долари за промоција на Олимписките игри во Париз.
Според извештајот на директорот на NBC, Снуп Дог заработува неверојатни 500.000 долари дневно за промовирање на Игрите во Париз во 2024 година.
Како известувач на NBC, присуството на Снуп е многу популарно и привлечно за гледачите. Неговиот уникатен начин на известување е неповторлив велат гледачите.
Тој веќе го носеше олимпискиот факел, а го привлече вниманието на публиката и како известувач на NBC.
Снуп дог во ударен телевизиски термин пливаше со Мајкл Фелпс, присуствуваше на американскиот женски фудбал со Меган Рапино и танцуваше со Симон Билс.
Раперот се испроба во различни спортови и дисциплини, а интернетот беше преплавен со неговите видеа од Париз.