На 92 години почина милијардерот кој пред 2 месеци се ожени по шести пат, за 49 години помлада сопруга

Светските медиуми објавија дека на 92-годишна возраст починал австрискиот милијардер Ричард Лугнер, богаташ познат по својот екстравагантен стил и фактот дека бил женет шестпати.

Последен пат го кажа судбоносното „да“ пред само два месеци. Тој почина во својата вила во Виена, а наводно имал бројни здравствени проблеми и пред неколку месеци бил опериран.

Пред два месеци Лугнер се ожени по шести пат. Неговиот последен избор, актерката Симоне „Биенхен“ Рајландер е 49 години помлада од него. Неговите претходни бракови и врски беа главно со помлади жени. Со Симоне се сврши во 2021 година, а два месеци подоцна ја раскинаа свршувачката, но во меѓувреме се смирија.

– Ќе ми биде шеста свадба, но на неа гледам само како на трета. Но, тоа сигурно ќе биде мојот последен брак – изјави претходно Лугнер.

Но, првите проблеми се појавија брзо бидејќи, како што пренесоа странските медиуми, Лугнер одлучил Симоне да ја наследи неговата деловна империја.

Ова не и се допаднало на неговата ќерка Жаклин која мислеше дека ќе биде наследничка.

Како што пишуваше тогаш „ОЕ24“, Симоне треба да добие и дел од наследството на Лугнер, што исто така не им се допаѓа на членовите на семејството.

 

Scroll to Top