Хали Бери на премиерата на филмот се појави во провокативно издание

Хали Бери го привлече вниманието со своето издание на премиерата на филмот „The Union“ во Лос Анџелес.

57-годишната актерка се појави во тесен црн фустан со детали од тантела кои потсетуваат на стил на корсет. Комбинацијата ја комплетираше со накит и црни чевли на високи потпетици и насмеана позираше пред фотографите, а нејзиното издание ги изненади фановите.

Актерката неодамна го привлече вниманието на социјалните мрежи со фотографија на која позира со мачка во гаќички, а со тоа се навраќа на 20-годишнината од излегувањето на филмот „Catwoman“.

„Денес се навршуваат 20 години откако ја имав честа да му дадам живот на овој иконски лик. Секогаш ќе ја чувам во моето срце и засекогаш ќе бидам „Patience Phillips“, или „Catwoman“ “, напиша таа покрај фотографијата која собра повеќе од половина милион лајкови.

Scroll to Top