Кети Пери е под истрага за спотот што го сними на егзотичен остров

Американската поп-ѕвезда е под полициска истрага поради можната еколошка штета што ја нанела за време на снимањето на спотот за песната „Lifetimes“ во заштитеното подрачје на Балеарските Острови.

Кети Пери пред неколку дена објави нова песна, а спотот го сними на ридовите на Еспалмадор, заштитеното подрачје на овој егзотичен остров.

Меѓутоа, за овој тип на снимање, законот налага обврска за однапред добивање дозвола, што продуцентската куќа на пејачката не го испочитувала, се вели во соопштението за печатот на Одделот за заштита на животната средина на Балеарските Острови.

Оттаму додаваат дека овој вид на снимање не е кривично дело бидејќи „може да се одобри“ по барање, но дека во моментов се утврдуваат евентуални штети во забранетата зона.

Scroll to Top