Род Стјуарт поради влошена здрвствена состојба ги откажува концертите

Легендарниот пејач Род Стјуарт пред неколку дена го откажа својот 200-ти концерт во Лас Вегас поради инфекција на грлото, а сега мораше да откаже уште два настапи бидејќи се заразил со коронавирус. Род требаше да настапи во петок и сабота, но поради влошената здравствена состојба не успеа.

„Со жалење ве информираме дека концертот на Род Стјуарт во Стејтлајн и неговиот концерт на 10 август во Линколн се одложени бидејќи пејачот закрепнува од ковид-19“, напиша неговиот тим.

Додаваат дека сите што купиле билети за концертите да ги задржат бидејќи ќе можат да ги користат за новите термини.

Концертот во градот Линколн ќе се одржи на 18 август, а концертот во Стејтлајн, Невада е одложен за 20 август.

 

Scroll to Top