(Видео) Роберт де Ниро го прослави својот 81 роденден со скок во морето

Актерот Роберт Де Ниро на посебен начин го прослави својот 81 роденден. Тој скокна од јахта во морето и покажа дека годините не му претставуваат голем проблем.

Неговата ќерка Дрена Де Ниро го сподели видеото на Инстаграм.

Дрена по повод роденденот објави и неколку фотографии.

Некои го прикажуваат како скока во морето, додека други го прикажуваат Де Ниро во младоста.

„Среќен роденден на најдобриот актер на светот“, „Тој е најсилен, честитки“, „Преслатки сте“, се само дел од коментарите под видеото.

На 79-годишна возраст, Де Ниро го дочека седмото дете со неговата 35 години помлада партнерка Тифани Чен. Актерот еднаш изјави дека ужива да биде татко, но дека искуството е поинакво од она со неговите постари деца и внуци.

„Сè е различно. Не зборувам со возрасните деца како што зборувам со моето бебе или со 11-годишната ќерка, иако таа е прилично паметна“, рече тој.

Scroll to Top