(Видео) Клаудија Шифер го прослави својот 54 роденден, се пофали со снимка во бикини

Познатата манекенка Клаудија Шифер пред неколку дена го прослави својот 54 роденден, а сега се пофали со снимка од Грција каде позира во бели бикини.

„Грчката пеперутка се врати оваа година за мојот роденден. Ви благодарам на сите за прекрасните роденденски желби“, напиша таа покрај видеото од слетувањето на пеперутката на нејзината рака.

Манекенката и минатата година го прослави својот роденден во Грција и објави фотографија во бикини и покажа неочекуван гостин кој допатува за нејзиниот роденден.

Инаку, Клаудија е во брак со британскиот режисер Метју Вон 22 години и заедно имаат три деца, синот Каспар (21) и ќерките Клементина (19) и Козима (14).

Scroll to Top