Новата девојка на Бред Пит многумина ја споредуваат со Амал Клуни

Бред Пит и Џорџ Клуни дојдоа на 81. Филмски фестивал во Венеција со своите партнерки. Бред со себе ја донесе својата 26-годишна девојка Инес де Рамон, додека Џорџ дојде со сопругата Амал.

Откако четворицата се прошетаа на црвениот тепих пред премиерата на филмот Wolfs, во кој глумат Пит и Клуни, многумина на социјалните мрежи почнаа да пишуваат дека Инес и Амал неверојатно си личат.

„И Бред е со Амал“, „Зарем само мене ми изгледаат исто?“, „Бред ја најде истата девојка како Џорџ“, „Тие се како близначки“, се дел од коментарите.

Scroll to Top