Салма Хајек го прослави својот 58-ми роденден, а по тој повод објави видео од јахта на кое танцуваше во ритам на шпанска песна.
Актерката носеше црн костим за капење, над кој облече бел фустан. Следбениците често и пишуваат дека изгледа неверојатно, како да не старее.
„Ова е мојата песна на летото за 2024 година“, напиша Салма во описот на објавата.
„Толку убава дама“, „Кралица“, „Вистинска Латино жена“, беа коментарите на нејзините обожаватели.