Веста за смртта на легендарниот пејач на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, која одекна утрово растажи голем број негови обожаватели и во Македонија, каде тој често гостуваше со својот бенд.
Бора во Скопје последен пат настапи во април, на концертот на Жељко Сараџиќ во салата „Борис Трајковски“. Тој лани имаше и турнеја низ Македонија, пришто истакна дека концертот во Охрид во јули му останал во најубаво сеќавање. Тогаш тој симболично изведувајќи ја на свој начин „Билјана платно белеше“ ги повика обожавателите да го проследат настапот.
Гостуваше во Македонија и непосредно по ковидот, кога откри дека со колегите од бендот се многу среќни што ја отвораат сезоната на наконцерти токму во Скопје.
Целиот текст на ЛИНКОТ.