Свршеницата на Џеф Безос привлече внимание со фустан од 8.100 евра

Милијардерот Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез се појавија на гала-вечерата на фондацијата „Керинг“ во рамките на Модната недела во Њујорк.

На хуманитарната аукција, чиј домаќин беа актерката Салма Хајек и нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино, се појавија многу познати лица, а Санчез го привлече вниманието со своето издание.

54-годишната Санчез го привлече вниманието со долг црн фустан од тантела, а комбинацијата ја комплетира со накит и ја врза косата во пунџа. Инаку, се работи за фустан со потпис на модната куќа „Оскар дела Рента“, чија цена е 9.000 долари или околу 8.100 евра.

Scroll to Top