Новата фотографија на Меси е хит на интернет, луѓето не престануваат да го коментираат неговиот имиџ

Лионел Меси се врати на теренот по двомесечна пауза. На натпреварот помеѓу Интер Мајами и Филаделфија Унион постигна два гола и го постави третиот.

Познатиот фудбалер го привлече вниманието и со промена на имиџот. Имено, тој на натпреварот се појави без брада. Фотографите го снимиле од профил пред да излезе на теренот, а фотографијата набрзо се проширила на социјалните мрежи.

На некои фанови не им се допадна оваа промена.

„Ве молам врати ја брадата“, „Треба итно да ја врати брадата“, „Изгледа како сосема друга личност“, „Не го разбирам неговиот фризер“, се дел од коментарите на „Икс“.

„Добар е. Сè уште е најдобар“, додаваат други.

Scroll to Top