Пејачката Никол Шерцингер и нејзиниот вереник Том Еванс уживаа на луксузна јахта, а таа на Инстаграм сподели фотографии од романтичното патување.
Славниот пар одморот го помина на јахта, а најголемо внимание привлече глетката на Никол во црвено бикини. Пејачката ја истакна својата витка линија и се заштити од сонцето носејќи сламена капа и очила за сонце. Иако не откри каде се, многумина во коментарите истакнаа дека тоа е Португалија.
Покрај фотографиите од јахтата, Никол сподели и романтични фотографии во бел фустан со својот вереник за време на зајдисонце. „Среќен викенд и прекрасни спомени“, напиша таа во описот.
Објавата има над 100.000 лајкови на Инстаграм. „Убава е“, „Згодна двојка“, „Том е најсреќниот маж на светот“, се само дел од коментарите.