(Видео) „Булевар“ е најновиот сингл на скопскиот рок-бенд Fiction

„Булевар“ е најновиот сингл на скопскиот рок-бенд Fiction. Воедно синглот е и најава за претстојниот албум на бендот кој е официјално најавен за оваа есен.

„Булевар“ е песна која ги спојува многуте нови и стари влијанија на бендот, и е чекор напред во градењето или поточно, доградувањето на препознатливиот стил на бендот, музички и естетски.

Музиката и текстот се на гитаристот на бендот, Виктор Захариев. За аудио продукцијата е заслужен Раде Биковски, додека тапаните се снимени во познатото Студио 1060 на Дени Крстев

Видео спотот е во самостојна продукција на бендот во соработка со Јана Ѓуревска.

Fiction го сочинуваат:

Петар Ѓуревски – вокал
Виктор Захариев – гитара, вокал
Филип Андонов – бас гитара
Теодор Теодосиевски – тапани

Scroll to Top