Никол Кидман за несигурностите од младоста: Ме задеваа за мојата висина

Актерката Никол Кидман призна дека не била секогаш сигурна во својот изглед. Во новата документарна серија In Vogue: The 90s, Кидман зборуваше за несигурноста што ја чувствувала како млада девојка.

Иако на почетокот на кариерата не веруваше во својата убавина, Џон Галијано ја препозна и сакаше да носи фустан со неговиот потпис на Оскарите во 1997 година. Тој момент ја поттикна актерката да се преиспита и да се премисли за својот изглед.

„Можете ли да верувате? Цел живот сакав да бидам висока 155 сантиметри и да имам облини, и одеднаш тоа што бев висока 180 сантиметри и многу слаба стана одлично“, се присетува Кидман. Таа истакна дека кога била девојче имала црвена коса и дека врсниците ја задевале поради нејзината висина.

Да потсетиме, Никол ја доби наградата за најдобра актерка на филмскиот фестивал во Венеција благодарение на улогата во трилерот Babygirl, но само неколку часа пред да ја прими наградата, дозна дека нејзината мајка починала.

Актерката веднаш отпатува дома, а наместо тоа наградата ја прими режисерката на филмот Халина Рејн, која ја прочита нејзината изјава.

Scroll to Top