Кораима Торес, на овие простори позната како „Касандра“ вчера стигна во Белград, кадешто ќе учествува во снимањето на телевизиска серија, а пречекот, долги години по нејзината популарност на Балканот, привлече големо внимание во јавноста.
Ѕвездите од латиноамериканската серија, која постигна невидена слава на овие простори во 90’те години, своевремено беа пречекани и на скопскиот стадион, каде пееја и разговараа со публиката. Во прилог, се потсетуваме како изгледаше големиот пречек на полниот стадион.