Девојката на Мик Џегер за нивната разлика во години: Не размислувам за тоа

Партнерката на Мик Џегер Мелани Хемрик не се грижи за нивната разлика во годините.

Во интервју за The Sunday Times, 37-годишната Мелани одговори на критиките во врска со разликата во годините меѓу неа и Џегер (81). „Не размислувам за тоа. Секој има свое мислење“, рече таа.

„Ако размислувате за мислењата на другите луѓе, без разлика каде сте во животот, ќе имате проблем“, додаде таа.

На крајот открила дека е среќна и не се грижи за ништо друго.

„Дали сум среќна? Да. Дали луѓето во мојот живот се среќни? Да. Дали повредувам некого? Не. Во ред, гледајте си ја вашата работа“, рече таа.

Таа откри дека таа и Џегер живеат на две места: изнајмена куќа во Њујорк и замок на реката Лоара во Франција, каде што нивниот син Деверо оди на училиште.

Scroll to Top