Мајкл Даглас го прослави својот 80-ти роденден, а на истиот ден е родена и неговата сопруга, актерката Кетрин Зета-Џонс, која наполни 55 години.
На радост на нивните фанови, актерката на необичен начин му го честиташе роденденот на својот сопруг. Имено, таа на својот Инстаграм објави црно-бела фотографија од помладите денови на која позира целосно гола.
„Во роденденско одело! По повеќе од 25 години споделување родендени со мојот сопруг, немам идеи за подароци. Овој подарок е втората опција, топчињата за голф се прва“, напишала таа покрај фотографијата на која позира во бањата пред огледало.
Пред тоа таа сподели заедничка фотографија на која актерот ја бакнува Кетрин во образ.
„Среќен роденден на мене и Мајкл. Ова е на нашиот роденден пред 25 години. Те сакам со целото мое срце“, напиша таа.