Актерката Хали Бери (58) на Инстаграм покажа низ каква трансформација поминала за улогата во филмот Never Let Go.
Меѓу другото, таа објави видео и фотографија на која ги покажува лажните влакна на пазувите и тетоважите кои биле потребни за нејзиниот лик во филмот.
„Мама во создавање. Еден од најкомплексните ликови што сум имала задоволство да го играм. „Never Let Go“ е насекаде во кината“, напиша актерката.
На видеото што го објави, се гледаат Хали и нејзината шминкерка Норма Патон-Ловин како се смеат за влакната под пазувите. Таа сцена изненади и згрози некои нејзини следбеници.
„Влакнеста Бери“, „Ме исплашивте. Фала богу ова е за филм“, „Не си играј со мене Хали“, „Не сум љубител на влакнести пазуви на жените“, „Жени, ова не е слаткож“, „Не го следи овој тренд“, „Што се случува?“, „Одвратно“, „Остани подалеку од огнот Хали“, се дел од коментарите.