Актерката Гвинет Палтроу и Бред Фалчук викендов ја прославија 6-годишнината од бракот, а Гвинет објави фотографија на Инстаграм по повод овој настан. На фотографијата таа и Бред седат на даска за веслање и се бакнуваат, а во описот на објавата напишала само: „6“.
Многумина забележаа дека Гвинет, која е свртена со грбот на фотографијата, изгледа прекрасно во црно дводелно бикини.
Објавата има над 100.000 лајкови на Инстаграм. „Колку романтично“, „Преслатки сте“, „Спонтана фотографија, прекрасни сте“, се само дел од коментарите.