Лејди Гага ги откри своите потенцијални планови за венчавка. Во забавно шоу Гага сподели дека таа и нејзиниот вереник Мајкл Полански имаат неколку едноставни идеи за нивниот голем ден.
„Всушност зборуваме за тоа да одиме во матичар само ние двајца и да нарачаме кинеска храна“, рече Гага.
„Но, знаејќи ме, може да стане како циркус со еднорози“, додаде таа на шега.