Трогателна фотографија од Кејт Мидлтон е објавена на официјалниот Инстаграм профил на принцезата и принцот од Велс. Таа се запознала со фотографката Лиз Хатон (16), која се бори со редок тумор.
Лиз, по потекло од Харогејт во Јоркшир, обожава фотографија и доби лична покана од принцот Вилијам да дојде во Виндзор, пишува Дејли Мејл. Лиз, исто така, беше поканета заедно со нејзиното семејство да ги запознае Вилијам и Кејт приватно за да разговараат за нивната битка со ракот. За време на таа средба, Кејт ја прегрна девојката.
„Ми беше задоволство да ја запознаам Лиз во Виндзор денес. Таа е талентирана млада фотографка чија креативност и сила не инспирираа и двајцата. Ви благодариме што ги споделивте вашите фотографии и приказна со нас“, пишува во описот до фотографиите што ги споделија Кејт и Вилијам.
Вилијам дознал за Лиз преку добротворната организација London Air Ambulance, чиј покровител е тој.