На денешен ден пред 17 години се одржа последниот концерт на македонската мегаѕвезда Тоше Проески, само 11 дена пред трагично да загине во сообраќајка.
Концертот на 5 октомври 2007 година беше трет солистички концерт на Градскито стадион за Тоше, кој во тој момент беше најголема македонска музичка ѕвезда. Гости на концертот на Тоше му беа Адријан Гаџа, Бојан Маровиќ и Антонија Шола.
Градскиот стадион во Скопје денес го носи неговото име.
Хуманитарниот концерт се одржа на Градскиот стадион во Скопје под мотото „Образованието е одговорност на сите“, а парите од билетите беа донирани за проект за основно образование, со кои беа реновирани околу 100 училишта низ земјата.