Принцот Џорџ откри што сака да биде кога ќе порасне

Принцот Џорџ е идниот крал на Велика Британија, кој ќе ја наследи круната по неговиот татко Вилијам. Но, ако се праша 11-годишно момче, тој нема да биде крал, туку пица мајстор или готвач.

Имено, младиот принц со родителите Вилијам и Кејт посетиле пицерија во Норфолк, а жителот на Норфолк Дезмон Мекарти за „Дејли мејл“ изјавил дека момчето било толку возбудено од рерната за пица на дрва што извикало: „Тоа сакам да го правам кога ќе пораснам!”

Сепак, за негова несреќа, Џорџ нема да може да го оствари својот сон, но затоа ќе прекине една вековна традиција. Имено, за разлика од неговите претходници, Џорџ нема да мора да служи војска пред да седне на тронот.

Scroll to Top