Најпознатиот симбол на Game of Thrones е продаден на аукција за 1,3 милиони евра

Иконскиот железен трон од хит серијата Game of Thrones е продаден на аукција за нешто повеќе од 1,3 милиони евра, пренесува AP News.

Продажбата траеше три дена, а во понудата беа легендарни костими, оружје и други предмети од серијата. Аукцијата ја организираше американската аукциска куќа Херитиџ, со седиште во Далас, Тексас.

Железниот трон, кој има приближно димензии 165cm x 218cm x 160cm и тежи околу 140 килограми, се користи за промотивни тури низ светот.

„Железниот трон е освојувачки трон, направен од мечевите на поразените непријатели, симбол на освојување“, рече креаторот на „Игра на тронови“.

„Несомнено еден од најпосакуваните предмети во поп културата, ривал може да му биде само командното столче на капетанот Кирк од „Ѕвездени патеки“. Железниот трон е исто така најпосакуваниот предмет во фантастичниот еп на Џорџ Р.Р. Мартин и катализатор за цела историја на освојување и желба да се освои“, изјави портпаролот на аукциската куќа Херитиџ.

Scroll to Top