Алка Вуица веќе некое време ужива на Ибица, а со своите следбеници често ја споделува атмосферата од потоплите краишта.
Овој пат таа објави фотографии во костим за капење и ги воодушеви своите фанови.
„Последните денови од летото“, наведе покрај фотографиите на кои е во едноделен костим за капење. Сето тоа го надополни со црвен горен дел за плажа што леташе на ветрот и очила за сонце.
„Костим за капење со толку стил, тоа го може само Алка“, „Убаво изгледаш“, „Секогаш си имала стил“, беа коментарите на нејзините следбеници.