Музичкиот магнат Шон Диди Комбс се огласи на социјалните мрежи за прв пат по неговото апсење. На неговиот Инстаграм профил е објавена фотографија од неговата ќерка Лав Шон, на која и го честиташе роденденот.
„Среќен роденден! Тато те сака“, напиша тој.
Инаку, раперот е татко на седум деца, кои ги доби со четири жени.