Поминаа 20 години од култната сапуница Руби, која се вртеше околу истоимената фатална убавица, според многумина – најубавиот негативец во историјата на телевизиските екрани. Руби беше отелотворена од Барбара Мори, мексиканска актерка која денес има 46 години и се уште е активна како актерка.
Нејзината кариера започнала како модел кога имала 14 години, откако ја открил модниот дизајнер Маркос Толедо. Првиот голем успех го доживеа во 1997 година со улогата во теленовелата Azul Tequila, која и ја отвори вратата во мексиканската телевизија и филмската индустрија.
Сепак, таа е најпозната по нејзината главна улога во мегапопуларната теленовела Руби од 2004 година, каде портретираше амбициозна жена подготвена на се за да постигне богатство и моќ. Оваа улога ѝ донесе меѓународна слава и признание, а таа стана една од најпознатите латиноамерикански актерки.
Покрај телевизијата, Барбара Мори се истакна и во филмската индустрија, глумејќи во неколку мексикански и меѓународни филмови.
Покрај актерската кариера, Мори е успешен продуцент, а се занимава и со активизам, особено во борбата против ракот на дојката, откако во 2009 година и беше дијагностицирана болеста, а потоа успешно ја надмина. Во 2023 година, таа ги играше главните улоги во филмот Perdidos en la noche и серијата Las Azules.
Над 2,7 милиони луѓе ја следат на Инстаграм. На 39 години стана баба, што и ја донесе титулата „најубава баба на светот“, барем меѓу обожавателите. Нејзиниот син стана татко на 19 години, а таа денеска на социјалните мрежи редовно објавува фотографии со внуката.