Австралиската актерка Маргот Роби го роди првото дете. Уште не е објавен точниот датум на раѓање на бебето, како и името.
Странските медиуми тврдат дека парот добил момче, кое се родило на 17 октомври, пишува и Дејли Мејл.
Веста за нејзината бременост се појави на почетокот на јули, а набргу потоа двојката беше видена на Вимблдон каде актерката за првпат го покажа трудничкиот стомак.