Клое Грејс Морец (27) во саботата на Инстаграм објави дека е геј, а во исто време и изрази поддршка на Камала Харис. „Гласав однапред и гласав за Камала Харис“, напиша Морец на објавата.
„Овие избори навистина значат многу. Верувам дека владата нема право да одлучува за моето тело како жена и дека само јас и мојот лекар можеме да донесуваме одлуки за моето тело. Камала Харис ќе не заштити по ова прашање“, продолжи таа.
„Како геј жена, верувам дека ни треба законска заштита што ја штити ЛГБТК+ заедницата. Ни треба заштита во оваа земја и пристап до потребната и заслужена грижа“, додаде таа.
Актерката ја заврши пораката со тоа што ги повика своите следбеници да излезат на гласање со своите пријатели.
Иако ова е првпат Морец јавно да зборува за својата сексуална ориентација, се шпекулира дека е во врска со моделот и фотограф Кејт Харисон од 2018 година, кога беа фотографирани како се бакнуваат пред ресторанот Нобу Малибу во Калифорнија.