Викторија Бекам: Децата дознаа колку добар фудбалер е Дејвид преку Нетфликс

Дејвид Бекам е еден од најдобрите британски фудбалери на сите времиња, но неговите деца не знаеле колку е добар додека не го погледнале неговиот документарец на Нетфликс. Викторија Бекам за Харперс Базар отворено проговори за семејството и сопругот.

Двојката се венча во 1999 година и има четири деца Бруклин (25), Ромео (22), Круз (19) и Харпер (13).

Минатата година тие објавија документарен филм на Нетфликс кој го истражува големиот подем на Бекам во светот на фудбалот.

„Всушност беше смешно. Круз рече: „Не знаев дека татко ми е толку добар во фудбалот“, рече таа. „Заборавете, тоа беше многу одамна. Децата секогаш беа на натпреварите, но беа многу мали и премали за разбирање“, додаде таа.

Scroll to Top