Најзгодниот маж на светот во 2023 година за својата титула: Ме направи анксиозен

Магазинот People секоја година го избира најсексапилниот маж на светот, а минатата година таа титула му припадна на 57-годишниот актер Патрик Демпси, ѕвезда на серијата Вовед во анатомија. Сега актерот проговори и откри како е да се биде прогласен за најсекси маж на светот.

Тој беше прашан дали на некој начин ја искористил престижната награда. „Не, тоа само ме направи анксиозен. Морав да се трудам да останам во форма и да вежбам уште повеќе“, искрено изјави Патрик за People. „Но, неверојатно е колку е далекусежно влијанието“, продолжи тој, додавајќи: „Мислам дека тоа беше одлична можност да се направи нешто позитивно… Тоа ми даде шанса да зборувам за Центарот Демпси, кој се грижи за луѓето со рак“.

„Самата слава е прилично празна, но ако можете да направите нешто, ако можете да бидете корисни, тоа е навистина она што го прави животот значаен и ви носи радост“, додаде актерот. Тој исто така рече дека тоа му претставувало голема чест, но дека тоа не го сфаќа толку сериозно.

„Тоа е навистина добро за егото, но е многу субјективно. Има толку многу прекрасни мажи кои се привлечни на различни начини, или физички или поради тоа што се, па затоа го сфаќате доволно сериозно за да бидете благодарни, но не сфаќате премногу сериозно“, рече тој.

Патрик Демпси досега има одиграно педесетина улоги, а најмногу слава му донесе серијата Вовед во анатомија во која го игра неврохирургот Дерек Шепард. Од 1987 до 1994 година беше во брак со Роки Паркер, а во 1999 година се ожени со Џилијан Финк, со која има три деца.

Scroll to Top