Опра негираше дека добила 1 милион долари за промоција на Камала Харис: „Не е вистина“

Опра Винфри во понеделникот ги демантираше гласините дека и биле платени 1 милион долари од кампањата на Камала Харис за да ја промовира за време на кампањата. „Никогаш не сум била платена – никогаш“, изјави Винфри на новинарот на ТМЗ кој ја запре додека одеше до нејзиниот автомобил.

Новинарот ја прашал за тврдењата дека тимот на Камала Харис и платил огромна сума за виртуелниот митинг наречен Обединете се за Америка, кој познатата водителка го организираше во септември за поддршка на кандидатот на демократите. „Тоа не е вистина“, рече Винфри, која јавно ја поддржа Харис.

The Washington Examiner минатиот петок објави дека Харис и платила на продуцентската компанија на Винфри 1 милион долари на 15 октомври. Харпо продукција негираше дека Винфри добила „личен хонорар“.

„Кампањата ги плати трошоците за продукцијата на Unite for America, настан во живо на 19-ти септември во близина на Детроит“, изјави портпаролот на Харпо за Variety. „Во ниту еден момент во текот на кампањата Опра Винфри не доби личен хонорар, ниту Харпо доби компензација во нејзино име“, додаде портпаролот.

Харпо не откри колку чини продукцијата за виртуелната дружба на која настапија бројни познати ѕвезди.

Scroll to Top