Синди Крафорд, една од најубавите жени на светот, покажа како изгледа без шминка

Поранешниот модел Синди Крафорд ги изненади своите следбеници на Инстаграм со фотографија без шминка. Таа се фотографираше како лежи во кревет во опуштен и сосема природен изглед, облечена во бела ноќница.

Беше јасно дека на нејзиното лице нема ни трага од шминка, што покажуваше дека Синди не се срами од својот природен изглед. Во прилог на тоа говори и фактот дека таа во неколку наврати споделувала вакви фотографии на мрежите.

„Сè уште изгледаш убаво, Синди“, „Твојата кожа изгледа совршено“, „Најубавата жена на светот“, „Каква божица си“, „Ти си неверојатно убава“, „Толку убава без шминка“, „Убавина како ниедна друга“, ѝ напишаа во коментарите воодушевените обожаватели.

Многумина особено ја коментираа нејзината кожа, пофалувајќи го нејзиниот младешки изглед. Судејќи по коментарите и бројот на комплименти, изгледа дека и на 58 години повеќето ја сметаат за една од најубавите жени на светот.

„Изгледаш божествено“, „Опседната сум со тебе“, „Конечно некој чие лице не е целосно истегнато. Природна убавина“, „Мојот омилен супермодел“ и „Убава и природна како и секогаш“ се дел од многуте коментари.

Scroll to Top