(Видео) Шест милиони прегледи: не можеше да поверува што пронајде во својот дом во Австралија

Бразилската тиктокерка Фран Диас Руфино објави вирално видео со наслов „Обичен ден во Австралија“, во кое откри дека таа и нејзиниот партнер биле пречекани во куќата од коала.

Оваа Бразилка, која живее во Аделаида, објави видео на кое се гледа како коала стои зад вратата од спалната соба. Животното малку гледаше во камерата, а потоа се качи на масичката и седна.

@frandiasrufino Can i please get my PR now? 100% Australia hahahahahah #australia #koala ♬ som original – Fran Dias Rufino

Клипот е прегледан повеќе од шест милиони пати на Тикток и собра речиси 38.000 коментари. Многумина под видеото се пошегуваа со фактот дека во Австралија често може да се случат вакви ситуации.

@frandiasrufino A normal day in australia ahhahaha Im speaking Portuguese, im not screaming (i will scream in some point so you can see the difference) this is the full video 🥰 do you have questions? Let me know ❤️❤️❤️ #australia #koala #adelaide #koalainmybed ♬ som original – Fran Dias Rufino

„Најдобриот дел од сè е да држите коала на сликата на вашиот профил“, „Бидете благодарни што е коала, а не џиновски пајак или змија“, „Фала му на Бога што мислев дека ќе биде пајак“, „Коалата е многу послатка отколку пајак или змија“, напишаа гледачите.

@frandiasrufino #koala #australia #adelaide ♬ som original – Fran Dias Rufino

„Конечно да видам дека нешто од Австралија влегло во куќата без да биде морничаво“, „Само ме интересира како во Австралија животните толку лесно влегуваат во куќите“, „Подобро да имам коала во куќата отколку голема змија“ , додаде други.

Scroll to Top