Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора беа на премиера на филм во Белград.
Тоа беше прво јавно излегување на парот по нивната неодамнешна тепачка и семејно насилство. Двојката дојде во лежерна облека и спремно им позираше на фотографите.
Сергеј на крајот на октомври ја пријавил Исидора за насилство. Расправијата се случила во стан во Вождовац.
По расправија, тој наводно и рекол дека сака развод и тогаш работите ескалирале. Но, обвинителството тогаш утврди дека нема елементи на кривичното дело семејно насилство.