Македдонскиот поп-пејач Јоце Панов работи на голем проект кој ќе се реализира на почетокот на следната година. Вели дека со него ќе ја изненади публиката, а повеќе детали не откриваат ниту од неговиот тим.
„По повеќе од 50 објавени песни, многу освоени меѓународни награди и признанија и повеќе од две децении кариера ова ќе биде големо изненадување за публиката која секој викенд ги полни клубовите низ земјата, Балканот и дијаспората. Деталите за проектот ќе ги имаме наскоро, засега само можеме да кажеме дека Панов со голем ентузијазам и полна пареа работи на подготовките за овој проект“, велат од тимот на Панов за „Репортер“.
Во исто време Панов подготвува и две нови песни, на македонски и на српски јазик, а работи и како професор по музичка уметност во гимназијата „Јосип Броз – Тито“.