Џенифер зрачи самодоверба како никогаш досега, како сите грижи да се заборавени и таа го започнала животот од почеток.
Актерката Џенифер Лопез повторно изгледа заводливо како никогаш досега. Додека со месеци сите зборуваа за пропаѓањето на бракот со Бен Афлек, популарната ѕвезда на извесно време се повлече од јавноста, а на сите им беше јасно дека таа не е старата Џеј Ло.
Сега беше видена на вечера на место во Беверли Хилс и изгледаше божествено. Таа за оваа пригода избра долго, кафено кожено здолниште, во ист тон и чизми. Таа спои проѕирна маичка со циркони под кои се гледаше нејзината долна облека во боја на кожа.
Нејзините обожаватели беа воодушевени од нејзиното издание, а нема сомнеж дека кариерата ќе ја врати на вистинскиот пат.
Лопез претходно во едно интервју зборуваше за тоа колку и било тешко кога морала да биде сама и да се справи со уште еден неуспешен брак, четврти по ред. „Мислев дека го научив тоа, но не. Ова лето морав да кажам: „Морам да одам и да бидам сама. Сакам да си докажам дека можам да го направам тоа“.