Ова лето, македонската публика ќе биде сведок на историски музички момент! Светската поп и Р’н’Б суперѕвезда и еден од најголемите артисти на нашето време, Џејсон Деруло, за првпат ќе настапи кај нас – и тоа на 2 август, под отворено небо на „Билјанини извори“ во Охрид.
Ова не е само концерт – ова е настан кој ќе го запише Охрид во листата на градови кои биле домаќини на една од најголемите музички икони на светот. Еден артист од ваков калибар, со милијарди стримови и прегледи на Youtube, но и армија од обожаватели ширум светот, за првпат ќе ја испише својата магија на македонската сцена.
Познат по своите моќни вокали, беспрекорни сценски настапи и хитови кои доминираат на топ-листите ширум светот, Џејсон Деруло е артист кој ја дефинира модерната поп и Р’н’Б музика. Од песните кои ги пееме во секојдневието како “Swalla”, “Want to Want Me”, и “Savage Love”, до неговите иновативни танцови перформанси кои ги освојуваат милиони обожаватели, Деруло не е само музичар – тој е глобална икона. Неговата енергија, харизма и неспоредлива музичка умешност го прават еден од најдобрите забавувачи на нашето време.
Неговите концерти се искуство кое го надминува звукот – тоа се спектакли полни со енергија, врвна продукција, неверојатни кореографии и интеракција со публиката која остава силен впечаток. Од стадиони во Лондон до фестивали во Лас Вегас, Деруло секогаш знае како да ја запали публиката и да го направи секој настап уникатен.
Организатори на овој спектакуларен концерт се „Прагма продукција“ кои уште еднаш докажаа дека нашата земја има капацитет да биде домаќин на најголемите имиња од светската сцена.