24-годишната руска актерка Камила Бељацкаја загина во Тајланд откако огромен бран ја повлекол во морето додека вежбала јога на карпа, пишува Дејли мејл.
Hình ảnh cuối của nữ du khách tập yoga trên mỏm đá trước khi bị sóng cuốn
Một nữ du khách Nga 24 tuổi đã bị sóng cuốn xuống biển khi tập yoga trên mỏm đá tại điểm ngắm cảnh Lad Koh, đảo Koh Samui, Thái Lan vào ngày 29-11. pic.twitter.com/7VYbwevCzM
— South of Vietnam (@vincent31473580) December 1, 2024
Еден од посетителите кој во тој момент случајно се нашол во близина влегол во морето да и помогне, но безуспешно. Се уште не е познато што се случило со него. Набрзо пристигнала спасувачка екипа, но актерката не преживеала. Низ социјалните мрежи се проширија снимки и фотографии направени откако бранот ја повлекол во морето.
Странските медиуми пишуваат дека Камила со своето момче престојувала на Тајланд, поточно на островот Ко Самуи. Пред нејзината смрт, таа се огласи на социјалните мрежи за да рече дека го сака местото, опишувајќи го како „најдоброто место на Земјата“.
„Карпестата плажа е најдоброто нешто што сум го видела во животот. Ти благодарам вселена, што сум овде во моментов. Многу сум среќна“, рекла актерката.
Во извештајот објавен по трагедијата, властите ги повикаа туристите да избегнуваат карпести области за време на високи бранови.
„За време на сезоната на монсуните, постојано ги предупредуваме туристите да ја почитуваат забраната за пливање во такви области. Иако местото каде што се случи инцидентот беше видиковец, жртвата веројатно не очекуваше бранови“, додаде Чајапорн Суппрасерт, шеф на Центарот за спасување Самуи. Дечкото на Камила и други сведоци дале изјави во полиција.