„Нема да биде исто“: Бред Пит е тажен што е далеку од децата оваа празнична сезона

На Бред Пит му недостасуваат своите деца, особено за време на празничната сезона, дознава „Пејџ сикс“. Актерот чувствува дека Божиќ „нема да биде ист“ ако не помине малку време со децата.

„На Бред му недостасуваат децата и би сакал да бидат поблиску до него, особено во контекст на прославата на празниците и неговиот роденден овој месец“, тврди изворот.

Пит и неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, од која се разведе во 2019 година, имаат шест деца: Медокс (23), Пакс (21), Захара (19), Шајло (18) и 16-годишните близнаци Нокс и Вивиен. „Пејџ сикс“ претходно објави дека Пит бил повреден кога Шајло официјално го отфрлила своето презиме откако поднела правна тужба на нејзиниот 18-ти роденден во мај.

„Тие имаа добри односи, но тоа сега е минато и тоа му го крши срцето. Бред чувствува дека Анџелина ги свртела децата против него. Чувствува дека Анџелина точно знае што прави”, тврди изворот.

Минатиот месец, извор откри дека Пит верува дека Џоли намерно прошетала на црвениот тепих со синот Нокс на Governors Awards 2024 „за да го испровоцира“.

Scroll to Top