Српската пејачка Рада Манојловиќ го привлече вниманието појавувајќи се во зелен фустан со впечатливи шлицови. Овој стајлинг пејачката го избра за промоцијата на новиот албум на српската пејачка Анѓела Игњатовиќ Бресквица.
Покрај шлицот, фустанот имаше и длабоко деколте, а Рада во еден момент ги покажа нозете. Нејзиниот избор многумина потсети на иконскиот зелен фустан на Џенифер Лопез, кој стана популарен во 2000 година благодарение на модната куќа Версаче.
Џенифер Лопез првпат го облече тој познат фустан на црвениот тепих на 42-то доделување на Греми наградите.