Светската сензација Џејсон Деруло предизвика вистинска еуфорија на социјалните мрежи откако објави видео на својот Инстаграм профил, во кое лично ги поканува своите обожаватели на неговиот претстоен концерт на 2 август во Охрид. Она што го привлече вниманието на јавноста е неговата порака, во која топло ја спомена Македонија.
Со својот препознатлив шарм и енергија, Деруло во видеото ги покани фановите со зборовите: „Македонијо, Ве чекам на 2 август на најдобрара забава на светот, со најдобрите танчери и музичари. Се гледаме“.
За кратко време, објавата стана вистински хит, собирајќи илјадници лајкови и коментари од неговите следбеници ширум светот, а особено од оние кои со нетрпение го очекуваат спектаклот на македонската сцена.
Интересот за претстојниот концерт на Џејсон Деруло во Охрид ги надмина сите очекувања! Веќе од првиот ден, продажбата на билети руши рекорди.
За помалку од 24 часа, повеќе од 1.000 карти веќе се во рацете на најголемите обожаватели, а тоа е уште една потврда дека ова ќе биде еден од најочекуваните настани на годината.