(Видео) „Ова е болно за гледање“: Маж сакал да запроси девојка на концерт на српска пејачка

Српската пејачка Драгана Мирковиќ неодамна одржа концерт во Крушевац, а еден момент од настапот особено го привлече вниманието на социјалните мрежи. Имено, маж од публиката решил да запроси девојка, па се качил на бината покрај пејачката и ја замолил девојката да му се придружи.

Сепак, девојката не го поддржа неговиот храбар потег и не се појави на сцената. „Те молам, веднаш дојди на сцена Тамара, не биди срамежлива и не бегај, те молам… А, каде е Тамара? Тамара, Тамара!“, извика пејачката, а потоа запеа.

@gradkrusevac Gde si Tamara? Video by @Marija #krusevac #prosidba #koncert #krusevac #koncert #halasportova #draganamirkovic #fyfyfyfyfyfyfyfyfyfyfyfyfyfyfyfyfyfy #mojgrad ♬ original sound – Kruševac

Видеото на Тикток има огромен број прегледи и над 65 илјади лајкови. И покрај убедувањето на популарната пејачка, девојката не се предомислила. „Навистина го жалам, а Драгана се трудеше со сите сили“, „Навистина ми е жал за дечкото, понижен си отиде дома“, „Ова е болно за гледање“, „Навистина е безобразна, Тамара не би ме видела повторно“, се само дел од коментарите.

Scroll to Top