Џенифер Лопез наводно е вмешана во скандал со Џеј Зи, откако истата вечер била снимена како се расправа со Шон Диди Комбс, кога Диди и Џеј Зи наводно силувале 13-годишно девојче, пишува Дејли Меил. Според тужбата, во собата била и славна личност која гледала како мажите наизменично ја напаѓаат 13-годишната жртва.
Фотографиите до кои дојде Дејли Меил ја покажуваат Џенифер Лопез во жестока расправија со Комбс истата вечер.
Но, освен тие фотографии, нема индикации дека Џеј Ло е мистериозната славна личност која била во собата.
Музичкиот магнат и пејачката, кои беа во врска од 1999 до 2001 година, се скараа на афтер забавата на MTV VMA во Њујорк. Фотографиите се направени во ноќниот клуб Лотус на 7 септември 2000 година.
За потсетување, Џеј Зи е обвинет за силување на 13-годишно девојче, што наводно се случило во 2000 година. Наводно, во силувањето учествувал и уапсениот рапер Диди, а во тужбата стои дека во собата во тој момент била и „многу позната женска личност“.
Анонимна жена тврди дека раперите ја силувале по доделувањето на музичките награди на MTV. Џеј Зи, чие вистинско име е Шон Кори Картер, тоа го негира преку своите адвокати.